Концептот се базира на идејата дека секој жител на заедницата би можел да стигне до сите локации во местото што му се потребни во рок од 15 минути ако оди пеш или со велосипед. За да се промовира тоа, се воведуваат строги забрани за моторни возила.
Според шемата, возачите во избраните населби во Оксфорд ќе треба да извадат посебна дозвола што ќе им овозможува 100 дена да користат автомобили преку шест филтри за сообраќај во текот на работното време. Посебна дозвола ќе овозможува 25 дена бесплатно поминување преку локации за наплата. Потоа ќе се соочат со казни.
Општините ќе имаат пристап до бази на податоци за возачки дозволи за да изрекуваат казни на возачите кои ќе ги прекршат сообраќајните филтри.
Советите ќе бидат обврзани да воведат ограничувања за бројот на места за паркирање во новите станбени објекти без никакво оправдување.
Опозицијата тврди дека Оксфорд е клучен експеримент за проширување на концептот низ целата земја.
Лабуристите дадоа зелено светло за да го контролираат начинот на кој луѓето живеат, се движат и возат, со користење камери, со закани за казни и со пристап до лични податоци. Оксфорд е тест за национално воведување, изјави опозицискиот политичар Грег Смит.
Данкан Вајт, директор на Алијансата на британски возачи, ги опишува ограничувањата како „перверзни“ и „сталинистички“.
Тоа е нарушување на граѓанските слободи според примерот на Источна Германија. Всушност ќе мора да аплицирате за внатрешен пасош ако сакате да ја посетите вашата баба. Од перспектива на граѓанските слободи, тоа е бесмислено. Од оперативна гледна точка, тоа е бизарно, вели Вајт.
Портпарол на Министерството за транспорт потврди дека локалните совети ќе добијат дозвола да ги користат податоците од базите за возачи „за да помогнат во одржувањето на безбедноста“.
Секоја општина ќе има право да ги користи податоците на начин што најдобро ќе функционира во заедницата, соопшти министерството.