10 работи што некогаш може ќе ги имате по дома

Во Њујорк минатата недела заврши Architectural Digest Home Design Show, саем за се од кујни и плакари до ѕидови кои ќе ве чинат цело богатство.

Станува збор за саем кој опфаќа се на тема дом, на кој учествуваа над 500 брендови.

Bose VideoWave II
Bose презентираше 55-инчен Самсунг телевизор со интегриран сараунд систем. Целиот концепт функционира само со вградените звучници, без потреба од додавање на дополнителна опрема.

Crestron Shade Automation
Creston е компанија која се занимава со автоматизација на електрониката низ домот и домашни кино системи. Во последната верзија на работи кои може да ги контролирате со вашиот телефон или таблет Creston додаде и ролетни. Уредот има смисла доколку имате ролетни на кров (кој е недостапно висок) или ако имате неколку метри високи прозори.

Flexi Pave Driveway
Не е уред, туку е материјал и служи за куќи, поточно за патеките за автомобил до гаража или слични намени. Главна карактеристика му е што иако е цврст и издржлив, тој е порозен и дозволува водата (од дожд / црево) да минува низ него директно во земја, наместо да се собира. Ова исто така спречува преплавувње на уличната канализација во случај на поројни дождови.


Jenn-Air вграден аспиратор
Разликата меѓу вашиот аспиратор и овој, е што уредот на Jenn-Air е вграден и се прибира во самата работна маса во која вграден и шпоретот. Плус ги има и функционалности како контрола на сила и светло.

LeGrand технологија за под креденци
Тргајќи од тоа дека под креденците во кујната останува премногу неискористен простор, компанијата LeGrand (истите што се занимаваат со светло) креира додатоци за поврзување на УСБ-а, држачи за таблет компјутери и полначи за мобилен / таблет / фотоапарати.

Jenn-Air вграден кафемат
Затоа што кафематот може да зазема сериозно место на пултот во кујна, Jenn-Air создава вграден кафемат. Освен машината за правење кафе, во уредот може да го чувате и вишокот кафе.

Ѕид од билки
Наместо градина со магдонос и рукола, наместо саксија со нане и рузмарин, сега сите потребни билки може да ги одгледувате во ѕидот во кујна. Ѕидот за вертикално градинарство е на компанијата EcoWall.


Инстант екстра кревет за спиење
Кауч кој се претвора во кревет за спиење на кат. Компанијата исто така нуди и кревети кои може да се вградат во ѕид.


Осветлени слики
Сликите на Питер Бујнум се направени на повеќе слоеви стакло, кои се редат едно пред друго, на бела позадина со вградено светло. Кога ќе се вклучи светлото се добива 3-димензионална слика што свети. Со контрола на светлината се менува и самата слика.


Масата на Бенџамин Мур
Не е никаков технолошки напредок, едноставно изгледа добро во околината што ја замислиле.

26 март 2013 - 00:16