Од неодамна замокот има нов хоролошки конзерватор, Фјодор ван ден Брук, за кого 25 октомври беше првото менување на времето на кралската колекција на часовници.
Негова процена е дека ќе му бидат потребни 16 часа за да ја заврши работата на сите часовници.
Фјодор има уште еден колега, кој е задолжен за часовниците во Бакингемската палата.
По протокол и Виндзор и Бакингем имаат посебна временска зона во кујната, каде часовниците се 5 минути понапред, за да се осигура дека јадењето секогаш на време ќе биде испорачано.
Кога не му е сезона на менување на времето, Фјодор неделно минува по еден ден во навивање на механичките часовници низ Виндзор. Просекот на пешачење на Фјодор низ Виндзор е 16.000 чекори.
Меѓу обврските му е и проверка на часовниците во просториите за прием на гости, која мора да пројде пред секое доаѓање на кого било од надвор.
„Најголемиот дел од часовниците се прилично точни ама повремено, од никаква причина, тие одеднаш ќе почнат да доцнат или да се понапред нешто што едноставно почнав да го нарекувам 'живот',“ објаснува хорологот.
Остатокот од работната недела Фјодор го минува на сервисирање и поправање на часовниците од кои голем број се стари по 200 до 300 години. Што е до резервните делови, најголемиот дел од нив Фјодор сам ги произведува на машините кои ги има на располагање.