Јапонска фирма им понуди на своите вработени зголемување на годишниот одмор како награда за нивното непушење. За оние кои ќе се сврстат во таа група и ќе престанат да земаат паузи за пушење, фирмата им дава екстра шест дена платен годишен одмор.
Идејата им дошла од поплака на вработен непушач и се надеваат дека со награда наместо со евентуални рестрикции полесно ќе го решат проблемот. А проблем имаат бидејќи седиштето им се наоѓа на 29-ти кат па секое одење на пуш пауза трае не помалку од 15 минути.
Досега се пријавиле само четворица спремни да се откажат од паузите ама па затоа 120 непушачи си кркнале екстра шест дена одмор.
Јапонија е малку погрешна земја за да се нуди екстра одмор како награда со оглед на тоа што само 35% од вработените целосно го користат годишниот одмор. Едно истражување покажа дека над 50% од вработените не знаат ни да кажат колку дена годишен одмор им следува.
Истата земја важи за пушачки рај. Aктивистите против пушењето на почетокот од оваа година од владата побараа да забрани пушење во угостителските објекти барем во текот на престојните олимписки игри во Токио во 2020 година.
На тема ракови, споредбата меѓу Јапонија (кај што се пуши секаде) и САД (кај што не се пуши никаде) изгледа вака: