Можеби денеска оние на 70 се чувствуваат како некогаш на 60 ама 85 години секогаш било длабоко пензионерско доба. А во САД денеска има 255.000 стари луѓе, на 85 и повеќе, кои секојдневно работеле во последниве 12 месеци. Тоа се 4,4 % од Американците на таа возраст а уделот никогаш порано не бил толку висок; пред дузина години ги имало само 2,6%.
Старциве работат сешто, чувари, фармери и ранчери па дури и камионџии,. Сè на сè присутни се во вкупно 26 професии. На пример, по американските патишта во моментов крстарат околу 3.000 професионални шофери стари над 85 години.
Овој сегмент на популацијата е само симптом на генералното стареење на работната сила во САД. Оние над 55 години исто така сега се во рекорден број во историјата на американскиот капитализам. Промени има и на другиот крај на кривата.
Сериозни ветерани има и на јавната сцена. Најстарата врховна судијка. Рут Бадер Гинзберг има 85, Руперт Мурдок е на 87, исто како и Џорџ Сорос и Ворен Бафет.