Овој раст на минималецот се очекува дека ќе даде сила за раст на платите на сите нивоа во германската економија. Германија прв пат воведува национален минималец во 2015, кога тој изнесуваше 8,5 евра на час.
На почетокот од месецов ЕУ објави предлог закон за засилување на минималните плати низ Унијата.
„За време на претходната криза, снижувањето на минималните плати и растурањето на колективните договори беше горчеливиот лек препишан на голем број земји членки.
Сега се бориме да го кренеме задолжителниот минимум на плати и да ги засилиме капацитетите за колективно преговарање во Европа,“ изјавила една од предлагачите на новиот закон, евро-пратеничката Агнес Јонгериус.
Германската минимална плата и до сега беше меѓу највисоките во Европа.