Хаосот започнува заради константно намалување на платите на вработените. Тајмс оф Индија го пренесува следното сведоштво:
„На дипломиран инженер му беше ветена плата од 286 долари месечно, потоа беше намалена на 218 долари, па последниве месеци на 163 долари. На ние што немаат дипломирано за инженер, платите им беа симнати на 109 долари. Платите што ги добивавме на сметка постојано се намалуваа и тоа фрустрираше. Некои вработени тврдат дека добиле месечни плати од само 6,8 долари“.
Индија е посебна болка за Епл. Земјата го има вториот по големина пазар за смартфони во светот (зад Кина), меѓутоа Епл таму има само 3% пазарен удел.
Еден од начините на кои Епл се обидува да го коригира ова е да ја намали цената на своите уреди произведувајќи ги локално во Индија, со што се избегнуваат и високите давачки што земјата ги има за производи увезени од Кина.
Епл најави дека ќе спроведе истрага за тоа дали Вистрон се придржувал до правилата за соработка.