Проблемот со овие студии е што може да се тестира само за присуство на остатоци од марихуана во организмот, ама не и опиеноста од нејзе, а остатоците може да се задржат во организмот со денови откако поминал ефектот на дрогата. (Ова важи за тестовите на лице место, болничките тестови го мерат и количеството на ТХЦ. Не најпрецизно, ама го мерат.)
"Затоа што секој од нас различно ја метаболизира дрогата (и во различно време и под различни околности), се што ни кажуваат позитивните тестови е дека возачот пушел трева во некој период во последниве неколку денови или недели," пишува Радли Балко во Вашингтон Пост, кој објаснува дека ова не е аргумент дека марихуаната не била фактор во некои од сообраќајните несреќи.
Балко објаснува дека откако Колорадо комплетно ја легализира марихуаната, противниците продолжуваат со притисок и со ширење на паника, и тоа повторно со стории околу "дрогирани возачи," кои во организмот најчесто имаат неспоредливо поголеми количини алкохол отколку марихуана.
За да не се бори со секоја сторија на темава која ќе се појави, тој прави споредба на бројот на фатални сообраќајки во Колорадо од 2002-ра до 2014-та. Има пет категории:
- Најголем број - во која се собрани бројките најсмртоносните месеци од 2002-ра до денес.
- Најнизок број - во кој се собрани бројките од најбезбедните месеци од 2002-ра до денес
- Просекот 2002-2015
- Бројот за 2013-та
- Бројот за 2014-та
Крајниот резултат е дека бројот на жртви во 2014-та е поблизок до збирот од најбезбедните месеци од 2002-ра до денес, отколку до просекот на сообраќајки од 2002-ра до денес.
"Секако, постојаниот пад на сообраќајните жртви во Колорадо и на други места, се должи на Повеќе фактори, како подобри автомобили, подобрена безбедност и подобри патишта. Овие бројки сами по себе само покажуваат дека патиштата стануваат побезбедни; тие не покажуваат дека марихуаната имала каква било врска со тоа. Исто така, можно е дека ако не беше легализирана марихуаната бројот на жртви во 2014-та да е помал. Нема вистински начин како да го знаеш тоа. Може само да ги гледаме бројките кои ни се достапни. Ама можеш да се кладиш дека ако годинава имаше раст на жртвите, поддржувачите на прохибицијата за ова ќе ја обвинеа легализацијата.
Некои истражувачи отидоа до таму што тврдат дека достапноста на марихуаната ги прави патиштата побезбедни, барем делумно. Теоријата е дека на луѓето марихуаната им е замена за алкохол, а таа во исто време помалку им го нарушува вниманието отколку алкохолот. Треба да видам многу повеќе студии пред да бидам подготвен да ја поддржам оваа теорија. На пример, исто така има студии кои се спротивставуваат на теоријата дека пијачите се подготвени да го заменат алкохолот со марихуана.
Меѓутоа податоците моментално даваат многу повеќе поддршка на ова, отколку на тврдењата дека надувани возачи се напаст на патиштата на Колорадо," објаснува Балко.