Езерото Восток е тн субглацијално езеро и се наоѓа под дебели слоеви мраз. Руска екипа истражувачи на еко - системот избушиле 4 километри од тоа мразот и дошле до езерото кое Русите прват го имаат детектирано во доцните 50-ти години на минатиот век.
И од таму извадиле бактерија која не личи на ништо што е досега познато од светот на бактериите. ДНК непозната ( ако на организам му се детектирани 90 проценти, таквиот организам се смета за непознат и некласифициран; оваа има 86).
"Да го најдевме ова на Марс, ќе заклучевме дека на Марс има живот. Ама ова е овдешно, од Земјата," велат научниците кои ја извадиле на површина бактеријата што милиони години живеела во подземното езеро.
Структурата на новооткриената бакјтериа е толку збунувачка што науката не може да ја поврзе ни со евентуални познати наследници на планетава.
Русите тврдат дека е исклучени сите опасности од евентуална контаминација. Ама тоа го тврдеа и после Чернобил.