Се вика графен и во однос на масата, денес е најскапиот материјал на Земјата. Како што беше бакарот, свилата, каучукот или барутот во некои други епохи, се верува дека графенот е оној материјал кој може од корен да го промени секојдневието.
Графенот е модификација на јагленородот но е Чак Норис за другите материјали: тенок, силен, наелектризиран и целосно проѕирен.
Милијардата евра дадена за графенот е рамна само на онаа сума која ЕК ја додели за проектот за мапирање на мозокот (Human Brain Project). Ќе се формираат 100 истражувачки групи во 15 европски земји, со 136 врвни истражувачи и четворица нобеловци.
Фасцинантноста на графенот е во тоа што тој е практично дводимензионален материјал бидејќи неговата дебелина ја прави само еден слој атоми на јагленород. Истиот тој е 300 пари поцврст од челикот. И е подобар проводник од бакарот.