"Само плачковци и пизди се жалат за тие работи" изјавил Боб Дилан, запрашан за тоа што мисли за луѓето кои го обвинуваат за плагијат.
Дилан одамна призна дека позајмувал инспирација од стари протестантски песни или од пишана поезија. По објавувањето на албумот Modern Times во 2006-та, Дилан беше фатен дека користел фрази од поетот (од времето на американската граѓанска војна) Хенри Тимрод а го немаше никаде наведено.
Дилан ги отфрла забелешките на овие критичари и ги смета за радикални.
"Ова се истите луѓе кои се обидуваат да ме престават како Јуда," изјави Дилан зборувајќи за реакцијата на фановите кога тој се префрли од акустична на електрична гитара."Како нејзиното користење да е некако еднакво како го издадеш Господ и да го пратиш на распнување. Сите тие можат да скапуваат во пеколот."
Враќајќи се на обвинувањата за плагијат, Дилан забележал дека користењето на туѓи влијанија во творењето е она што тој го смета за "пишување песни."