Песната со која Боуви не успеа на „Ѕвездите на BBC“

Четири години пред да го издаде својот прв епохалеn албум, Дејвид Боу пробува со свој бенд да се пробие на талент шоу на BBC за да се чуе негова песна на радио. Судиите го масакрираат.

Годината е 1965-та. Дејвид Боуви (тогаш уште е Дејви Џонс) и неговата група Тhe Lower Third, си ја пробуваат среќата на аудиција за млади теленти на BBC. 

Не само што не успеваат да се пробијат на тој начин туку во еден нов документарец за првите години на кариерата на Боуви се откриваат и белешките од судиите кои го елиминирале човекот кој подоцна ќе стане музичка икона.

А тие за Боуви имале да го кажат следново:

„На пејачот му недостасува персоналитет“.

„Вокалистот не е премногу возбудлив. Интерпретацијата му е досадна“.

„Музички не можам да им најдам заблешка ама од поглед на забавност, нема ништо во нив“.

„Вокалистот е пејачки аматер, пее погрешно и фалшира“.

„Мислам дека и со вежбање не можат да бидат ништо подобри“.

„Пејачот е кокни тип ама не се истакнува доволно“.

Четири години по овој дебакл, Боуви го вади ова:

 

10 октомври 2018 - 11:56