
Никола Стојковски е автор на музиката , а заедно со Влатко Георгиев се појавуваат како продуценти и аранжери на шесте нумери поместени на албумот. Темата која го отвора албумот е преработка на делото на македонскиот компзитор Ристо Аврамовски , напевот "Црно Писмо" од неговата "Етнографофонија" во изведба на женскиот младински хор на Младинскиот Културен Центар, под диригентската палка на маестро Запро Запров.
Материјалот е снимен во FIN Project Studio и е објавен под етикета на Баги комуникации.
На албумот покрај Влатко Георгиев, и Даниел Маневски на кавал, како постојани членови на составот, како гости се појавуваат: Ангела Стефковска - вокал, Никола Николовски - канун, Александар Трајковски – кларинет, Филип Нуне – труба, Зоран Велковски – гитара и Ѓоко Максимовски – бас гитара.
Албумот, освен во стандардно ЦД издание, за прв пат кај нас ќе биде достапен и на стилизиран мултимедијален УСБ ХДД стик, заедно со промотивното видео на албумот. Секако , дигиталната верзија е достапна и на CD Baby, I-tunes, Amazon и други музички интернет продавници.
(комерцијален текст)