Брајан Меј сака нов Лајв Еид, ама овој пат за цел свет

Првиот беше за собирање хуманитарна помош за гладните во Етиопија, сега Меј повикува да се организира уште еден глобален епски настан но посветен на климатските промени во светот.

За гитаристот на Квин, кој беше клучен дел од организацијата на Лајв еид пред 30 и кусур години, новиот концерт би бил послужил за посериозно будење и активирање на новата генерација.

Тој признава и дека од првиот концерт до сега концептот е излитен од искористување за решавање и актуелизирање на секакви проблеми.

„Луѓето изгледаа премногу концерти од првиот Лајв еид кои тврдеа дека решаваат проблеми во светот, па нема да биде така лесно да се повтори успехот,“ изјавил Меј.

На оригиналот, освен Квин меѓу другите настапија ЈуТу, Фил Колинс, Мадона, Елтон Џон, Дејвид Боуви и Мик Џегер, и концертот беше пренесуван во 150 држави низ светот.

Настапот на Квин на Лајв еид:

 

8 мај 2019 - 12:23