Откако во 1997-ма се одвои како посебно издание кое излегува еднаш годишно, бикини изданието до сега има донесено над 1 милијарда долари.
Денес, овој еден број годишно носи 7% од вкупните годишни приходи на Спортс Илустрејтед.
Само во 2005-та, ова издание генерирало приходи од околу 35 милиони долари од продажба на реклами. На ова треба да се додадат и парите од продажба на календари, слики, како и самото издание.
Првото бикини издание се појавува на 20-ти јануари 1964-та, како дополнување од 5 страни на регуларниот број. Целта била да се зголеми читаноста за време на зимските месеци кога најголемиот дел од спортовите прават пауза.