Како дел од новите мерки за штедење на десетици милиони евра предложени од ЦЕО-то Матијас Допфнер паралелно со намалувањето на вработените, Билд ќе го скрати и бројот на регионални изданија во Германија од 18 на 12, и ќе биде „истенчено“ менаџерското ниво во компанијата, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Штедењето на Билд доаѓа со одлуката од 1 јануари 2024 весникот, а и целата Спрингер групација на која и припаѓа, да стане целосно дигитален или во најдобар случај „прво дигитален, па потоа печатен“.
Во писмото до вработените се наведуваат и професиите кои најмногу ќе настрадаат и ќе бидат заменети од вештачката интелигенција:
„Позицијата на главен уредник, уредник, лектор, секретарки и фото уредници од денес ќе почнат да бидат укинувани.“
Во февруари Допфнер објави „за да останеме економски успешни и во иднина, нашата заработувачка од германскиот медиумски бизнис мора да се зголеми за некои си 100 милиони евра во следните три години, преку зголемување на продажбата, но и преку намалување на трошоците.“