Ањели и Економист го купија Економист

Продавач е компанијата Персон која во 1957-ма доби дел од Економист кога го купи Фајненшл Тајмс. Минатиот месец Персон го продаде Фајненшл Тајмс на јапонската медиумска група Никкеи за 1,18 милијарди долари. Деновиве ги продаде и своите 50% во Економист за 1,3 милијарди долари.

Главен купувач на уделот во Економист е Ексор инвестициската компанија на семејството Ањели (Фиат, Јувентус...). Ексор веќе поседува околу 5% од акциите, а со зголемувањето на уделот, тие ќе имаат 43% од Економист со што ќе бидат најголем акционер во групацијата.

Остатокот од акциите на Персон ги купува самата Економист групација. За да собере пари за ова групацијата го продаде своето седиште во Лондон, кое според пресметките на Економист вреди 140 милиони евра.

Откупувањето на акции ќе го зголеми и уделот на семејството Ротшилд во Економист од една петина, на една четвртина од акциите. За сето ова да се оствари треба 75% од акционерите да ја одобрат купопродажбата.

И покрај тоа што ќе имаат 43% од акциите, според правилата во сопственичката структура, Ексор ќе добие максимално 20% од гласовите во одлучувањето во компанијата, а главниот уредник на компанијата го назначува комитет на полномошници.

13 август 2015 - 09:45