Брус открива две веб страни. SeekingArrangement, сајтот преку кој т.нр. спонзори можат да се поврзат со спонзоруши, кои сакаат да бидат разгалени и тековно да бидат плаќани; и WhatsYourPrice каде што мажите наддаваат за прв состанок со некојa девојка, која може да ја прифати понудата или да побара повеќе. Првиот сајт тврди дека има 40.000 женски членови и 12.000 машки, вториот има сличен сооднос.
На сајтовите тој почнува да бара состаноци со жени меѓу 31 и 63 години, јасно истакнувајќи на својот профил дека е женет. Интерес за неговиот профил почнуваат да покажуваат меѓу 3 и 4 девојки неделно. До сега тој има состаноци со околу 30 жени.
Обично Брус дава понуда од 40 долари за првото кафе или вечера со жена која ја одбрал. Потоа таа може да го организира "излегувањето од соништата" за кое тој ги покрива сите трошоци. Ако девојката побраа тој може и да и компензира за времето што го потрошила со него, по стапка за прекумерно работно време - од 25 до 50 долари на час. Девојката може да избере меѓу (a Брус тоа го почитува): чиста забава, држење раце и бакнување, или пријатели со корист. Освен ова тој до сега помагал и со други трошоци: кревет од Икеа, замена на менувачот во автомобил, алка од Тифани и слично.
"Животниот стил на Бостон има и свои последици. Жена му го развела, заради прељуба, тој е избркан од Мормонската црква во Купертино и живее во приколка. Ама не покажува воопшто жалење кога зборува за својот нов живот: договарајќи до 3 состаноци неделно и покривајќи три или четири постојни врски, меѓу кои и една со доминатрикс од Оукленд која ја плаќа 1.000 долари за четири состаноци месечно," пишува Лорен Смајли во текстот за магазинот Сан Франциско.
Тие ја имаат и приказната на Крис, 33-годишен дизајнер на видео игри, кој признава дека никогаш немал девојка и на SugarDaddyForMe ја открива 23-годишната Сара, која "сака светкави работи како скапоцени камења и дијаманти." Двајцата контактираат некое време преку сајтот, меѓутоа таа го откачува за Нова Година. Некое време подоцна тој добива порака од нејзе дека и треба превоз до работа. Крис е повеќе од среќен да и помогне.
Цело време додека ја вози, Сара го гледа напнато, што тој го смета за обид за заведување. Додека излегува од кола, таа му кажува дека има "егзистенцијална криза" на работа и дека и е потребна Ботега Венета чанта од 3.000 долари. Тој се согласува да и ја купи и ја носи во продавницата. Потоа ја носи на скап фризер и на крај завршуваат на вечера во суши ресторан. Цело време се држат за раце, а таа го гледа заљубено. Двајцата се враќаат во апартманот на Сара, каде Крис се надева дека ќе му се посреќи. На врата Сара му кажува дека и страв дека (некој) Крег ќе ги фати. Како што си заминува разочаран, таа му довикува 'те сакам.' Крис повеќе никогаш нема да ја види Сара.
Според основачот на SugarDaddyForMe најголемиот дел од клиентите и не се некој Казанова, туку претежно немаат многу среќа со жените се додека не собрале пари. Еден пресврт во целата работа е што на добар дел од мажите не им е да платат само за секс, туку очекуваат и одредена емоционална блискост.
Девојките на овие сајтови се подеднаков микс како и мажите. Од најкласични спонзоруши накитени со Версаче, до отворени проститутки. Магазинот наоѓа една поранешна веб-кам девојка, која месечно добива 2.500 долари од еден директор во компјутерска компанија, а има врска со уште двајца момци од истиот бизнис на кои им наплаќа од 1.000 до 2.000 долари по сесија. Инаку работи со група програмери на стартување интернет сервис поврзан со сексот.
Потоа е Лекси, 34 годишна девојка од Сакраменто, која почнува со бизнисот откако спонзорот на една нејзина другарка и купува силиконски гради. Иако нема најдено партнер на сајтот, до сега има добиено Виза картичка со 250 долари, вечера и 350 долари за да седи до еден маж во казино, и околу 3.000 долари од еден инженер од Сан Хозе со кого само четува на интернет. До сега таа ги одбила сите понуди за секс.
Магазинот го има и сведоштвото на Моник, која е ветеран во бизнисот (првиот оглас на SugarDaddyForMe го пушта на 20 години, денес има 28 години). Според неа, сите (и мажи и жени) кои веруваат дека не се вклучени во некоја форма на проституција се лажат себе си.
Слично мислење има и Сиукси Кју, поранешна проститутка, а сега секс колумнистка во SF Weekly и водителка на подкастот The WhoreCast. Според неа нема разлика меѓу спонзорушите и ескортите, бидејќи и двете им ги нудат истите работи на клиентите, а и двете добиваат пари за тоа.