Родителите, против кои моментално се води судски процес, детенцето го хранеле со овес, компир, ориз, тофу, леб, путер од кикирики и оризово млеко. За ужинка добивала овошје (колку што и собира во уста) или две зрна суво грозје.
Случајот е откриен во март 2018 само откако детенцето доживеало напад и морало да биде однесено во болница.
Од денот на раѓање девојчето ниту еднаш не било однесено на доктор или на преглед.
Кога била примена во болница, на 19 месеци, девојчето било тешко 4,89 килограми, тежина што би требало да ја има на 3 месеци.
Во сведочењето на суд, луѓето што го згрижиле девојчето изјавиле дека кога прв пат ја виделе таа не можела да седи исправено, да се врти, или да го држи сопственото шишенце за вода/млеко, иако била речиси две години.
Моментално, на нешто повеќе од 2,5 години, девојчето по бројки е предебело заради попречениот раст во првите 19 месеци, и моментално е високо колку 1-годишно дете.
На судот сведочи и психијатар кој ја отфрла одбраната на мајката дека во 19-те месеци кога го запоставува детето страдала од пост-породилна депресија. Одбраната на таткото е дека бил премногу зафатен со работа и постојано сметал дека бебето било здраво, бидејќи мајката била одговорна за него.
„Таа одлучувала за исхраната во домаќинството... тој не е и никогаш не би вегетаријанец или веган,“ изјавил адвокатот на таткото.
Ваквата „ја нисам одавде“ одбрана на таткото, била на волеј начекана од судијата постетувајќи го „девојчето ни одеше, ни збореше“ и „возрасен маж си, си можел да ја земеш и да ја однесеш на доктор.“
Секој од родителите се соочува со максимум 5-годишна казна затвор.