Како размислува филозофот „инфлуенсер“ на Кремљ

Од анти-комунист во 1980-те, па преку ко-автор на политичката програма на новата Комунистичката партија на Русија, Александер Дугин, денес го нарекуваат „Распутинот на Путин“. Еден од највлијателните филозофи во денешната руска политика, со директен контакт со Кремљ и највисоките функционери на Обединета Русија на Путин, е и еден од најголемите поборници за војна со Украина.

Во врска со руската инвазија, за Дугин во прашање е многу поголема битка што Русија ќе треба да ја води, притоа опфаќајќи неколку теории на заговор кои му дошле при рака:

Ова не е војна со Украина. Ова е конфронтација со глобализмот како интегрален планетарен феномен. Ова е конфронтација на сите нивоа - геополитички и идеолошки. Русија одбива сè во врска со глобализмот - еднополарноста, атлантизмот, од една страна, и либерализмот, анти-традиционалноста, технократијата, и Големиот ресет на светот, од друга. Јасно е дека сите европски лидери се дел од атлантистичката либерална елита.

И ние сме во војна токму со тоа. Оттука и нивната реакција. Русија сега е исклучена од глобалистичките мрежи. Таа повеќе нема избор: или ќе создаде сопствен свет или ќе исчезне. Русија постави правец на изградба на својот свет, својата цивилизација. И сега е преземен првиот чекор. Меѓутоа соочен со глобализмот суверен можеш да бидеш само на огромно пространство, континент-држава, цивилизација-држава. Ниту една држава не може на долг рок да издржи дисконектираност.

Русија сега создава поле на глобален отпор. Нејзината победа ќе биде победа на алтернативните сили, и десничарски и левичарски, и за сите луѓе. Ние, како и секогаш, ги започнуваме најтешките и најопасните процеси.

Меѓутоа кога ќе победиме, сите ги користат нив. Така требало да биде. Ние сега креираме предуслови за вистинска мулти-поларност. А оние кои сега се подготвени да нè убијат ќе бидат први што утре ќе ги искористат нашите победи. Речиси секогаш пишувам работи што подоцна се случуваат. И ова исто ќе се остари.

Александер Дугин

1 март 2022 - 12:57