После почна да ми праќа приватни пораки, многу пристојно се однесуваше, праша од каде сум, праша за годините (имам 50). Му одговарав искрено.
Кажа дека сум многу убава и мора да признам дека ми годеше тоа ласкање.
После ме праша дали може да зборуваме за „возрасни работи.“ Ајде, викам - може. Одговори со мало смајли и ми вика: „Фала ти убавино, можеш ти да почнеш.“
Почнав да му зборувам дека ме болат колената, колковите и грбот ако долго одам или стојам во место. Кога баш ќе се уморам, нозете едноставно ми откажуваат и не можам да мрднам нигде. Па му ги спомнав проблемите со штитната жлезда, со вртоглавицата, дека страдам од несоница и дека често имам грчеви, посебно кога спијам....
Неколку дена чекав на негов одговор, ништо... Денес гледам, ме блокирал! Уау, не ми е јасно што се има случено.
Сакаат да зборуваат за возрасни работи, а после не ги поднесуваат.