38 прашања за пред брак

Не дека ве пишманиме, ама нема да шкоди да прашате. По пат размислете дали знае дека не јадете патиџан?

Дали сакаш да имаш деца, и ако да, кога? И колку?

Колку ти е важна религијата? Може ли да преживееш во домаќинство каде што има две, можеби комплетно спротивни погледи на религијата?

Дали ќе го дојадеш тоа?

Колку блиску ќе бидеме до твоите?

Ок, може ли барем пола да ми оставиш?

Дали ти се допаѓаат моите пријатели? Дали очекуваш често да се дружам со твоите другари?

Како ќе ги делиме парите? Како ќе ги решаваме долговите? Како ќе одлучиме за што да штедиме?

Колку ти е важна еднаквоста во бракот?

Не те разбирам зашто не ми даваш пола... знам дека е добар сендвич, може ли барем гриз?

Ако некогаш заглавиме во сериозни проблеми, дали би учествувал во терапија за парови?

Побогу ова има патлиџан. Зошто ме остави да го изедам?

Која ќе ни биде утринската рутина? Која ќе ни биде вечерната рутина?

Како ќе ги поделиме домашните задачи?

Стварно стана ултра груб во моментов. Да не треба да дремнеш?

Дали сме способни отворено да збориме за нашите сексуални потреби и желби?

Дали мислиш дека многу ќе патуваме?

Каде ќе ги минуваме празниците?

Што ти е проблемот бе?

Како тоа си ми ги читал пораките? Тоа е приватно! Ти го дадов пинот пред 6 месеци и сакаш да кажеш дека уште го имаш?

Каде сакаш да живееш? Каде сакаш да се пензионираш?

Дневно колку внимание бараш?

Зошто бе не ми веруваш?

Дали сакаш животни? Дали сакаш домашно милениче?

Дали ќе донираме во добротворни цели?

Дали мислиш дека е ОК јас да ти ги читам пораките?

Јавно или приватно школо?

Дали ќе славиме празници на други култури?

Дали имаш намера да се грижиш за своите родители?

Не, не мислам стварно дека си "не самоуверен сендвич себичњак." Ти не кажуваш работи само за да ти пројде нервозата?

Ако можеме да живееме од една плата, дали мислиш дека едниот од нас би требало да остане дома и да го гледа семејството?

Кога се десило бе да не поделам сендвич со тебе?

Кога се случило да ми се свиѓаат патлиџани?

Дали некогаш си служел во војска?

Дали се плашиш од стареење?

Дали мислиш дека сепак не си одговараме?

Дали некогаш си го прекршил законот?

Кој е твојот политички став?

Дали сакаш ти да го изедеш делот со патлиџаните, а јас остатокот?

Јасмин Хјуџс за Хеирпин

21 ноември 2014 - 12:02