22 факти за кои (веројатно) немавте поим

1. Основачите на Гугл биле подготвени во 1999-та да ја продадат компанијата на Excite за помалку од 1 милион долари, ама Exite ги одбил.

2. Во анкета од 2008-ма, 58% од британските тинејџери сметале дека Шерлок Холмс бил вистински човек, а 20% сметале дека Винстон Черчил бил измислен лик.

3. Според Амазон најподвлекувани книги на Киндл се Библијата, биографијата на Стив Џобс и Игри на гладта.

4. Има и трет основач на Епл. Се вика Роналд Вејн, кој својот удел од 10% го продал во 1976-та за 800 долари. Ова на сликата е Роналд пред својот дом во 2010-та.

5. Во еден момент во 90-те, 50% од сите ЦД-а произведени во светот беа на АОЛ.

6. Нутела е измислена за време на Втората светска војна, кога италијанскиот производител на благи во смесата додал лешници за да не ја потроши пребрзо ограничената залиха од чоколадо.

7. Цутому Јамагучи бил на работа во Хирошима кога паднала првата атомска бомба, веднаш се вратил дома во Нагасаки каде што ја дочекал втората, и на крај живеел до 93 години.

8. Ј.П. Морган еднаш понудил 100.000 долари на кој било што може да открие зошто лицето му било толку црвено. Никој не ја решил мистеријата.

9. Мајката на Винстон Черчил е родена во Бруклин.

10. 2013-та е првата година од 1987-ма во која сите четири бројки се различни една од друга.

11. Џонас Салк одбил да ја патентира својата вакцина за детска парализа. "Нема никаков патент. Дали би можел да го патентираш сонцето?"

10. Американското знаме било дизајнирано од средношколец од Охајо, како работна задача за час. За проектот добил Б- (4-).

11. Научниците го користат парфемот Obsession од Келвин Клајн за да ги привлечат животните кон камерите поставени во дивината.

12. Шон Конери ја одбил улогата на Гандалф во Господар на прстените: "Ја прочитав книгата. Го прочитав сценариото. Го гледав филмот. И уште не го разбирам."

13. На врвот на славата на Рин Тин Тин, готвач секој ден за ручек му подготвувал ручек, а додека јадел музичар му свирал класична музика за да го поттикне варењето на храната.

14. Прериските кучиња за поздравуваат со бацување.

15. Властите на Портланд во 2011-та испуштија над 30 милиони литри вода од еден од резервоарите затоа што еден 21-годишник уринирал во неа.

16. По смртта на Леонардо Да Винчи, францускиот крал Франсоа Први, ја обесил Мона Лиза во неговиот тоалет.

17. Квентин Тарантино има глумено имитатор на Елвис во серијата Златни девојки.

18. Во еден од домовите на Гадафи, либиските бунтовници открија фото албум полн со слики од Кондолиза Рајс.

19. Рид Хастингс добил инспирација да го создаде Нетфликс откако во видеотека завршил со казна од 40 долари за доцна вратена ВХС касета од Аполо 13.

20. Белешките на Марија Кири се уште се радиоактивни. Истражувачите што сакаат да ги прегледаат прво мора да потпишат документ.

21. Во 1999-та, владата на САД му исплати на семејството Запрудер 16 милиони долари за снимката од атентатот на Кенеди.

22. Фредерик Бур е човекот кој ја измислил кутијата за Принглс. Кога тој починал во 2008-ма, тој бил кремиран и остатоците биле закопани во една од Принглс кутиите.

Mental Floss

7 октомври 2013 - 09:42