1. Купи јајца.
2. Остави ги во фрижидер една недела пред да треба да ги вариш (ова помага белката да не се лепи за лушпата од јајцето заради што лупењето ќе биде далеку полесно). Една недела е сосема доволно, не претерувајте.
3. Извадете од фрижидер колку јајца ви се потребни и оставете ги да постигнат собна температура (30 минути е доволно).
4. Наполни длабоко тенџере со околу десетина сантиметри од најстудената вода што можеш да ја добиеш од чешма. Стави го тенџерето со вода на шпорет.
5. Внимателно стави ги јајцата во тенџерето (само откако си го ставил на шпорет, за да не ги испукаш додека го носиш натаму - наваму) со тоа што ќе ги симнеш до самото дно, а не само да ги пуштиш во водата.
6. Откако ќе ги ставиш сите, јајцата треба да бидат барем 5 сантиметри под вода. Ако треба дотури вода.
7. Се' ова си завршил и го пушташ шпоретот на најјако. Чекаш додека водата почне да зоврива. Кога ќе ги видиш првите големи меури, го гасиш шпоретот, го тргаш тенџерето од шпорет, му ставаш капак и го оставаш така 15 минути.
(Во овој момент јајцата не се сварени, меѓутоа целото варење ќе се случи во овие 15 минути додека тенџерето со зовриената вода е тргнато од шпорет. Причината за ова е да се извади што е можно подобар вкус од жолчката. Односно, кога температурата на жолчката ќе надмине 70 степени Целзиусови железото во неа почнува да се меша со сулфурот во белката, што на крај создава железо сулфид - зелената обвивка околу жолчката која е виновна за лошиот мирис. Со тргање од шпорет го спречуваме умирисувањето.)
8. Додека ги чекаш овие 15 минути, наполни длабок сад со вода и додај му неколку коцки мраз. Кога ќе заврши времето, едно по едно јајце, внимателно пренеси ги во садот со ладна вода. Тука остави ги да одморат околу 10 минути.
9. Толку.