Руски старт-ап на денот

Ако многу се потрудиме да го ставиме во некои легални рамки, овој бизнис гранично би се класификувал во фелата клучари, бидејќи тоа му е основната намера - продавање на клучеви. Да ја прашаш руската полиција ќе ти каже дека овие од класификување може да се само меѓу: лесна и тешка робија.

Бизнисот е следен, криминалци почетници од Краснодар ставаат катанци на брави на возила главно на постари лица, баби / дедовци. Катанецот нема никаква функција, ниту те спречува да влезеш во кола, освен што може сериозно да ти го излупа делот околу бравата.

За да не мислат дека е некаква скриена камера, катанецот стандардно оди заедно со ливче на кој го пишува бројот на кој може да се купи клучот, во случај да немаш некој близок со шмишајбна.

21 јануари 2022 - 12:54