Марика лета со дисплеј

Како што сите знаеме, авионските прозори не служат за ништо бидејќи сите имаат некаква  фабричка грешка поради која не се отвораат. Добро, низ нив можеш да зјапаш во небото ама зошто да не одбереш во какво небо можеш да зјапаш?

Моделот S-512 на Spike Aerospace се уште не е влезен во производство и неговото прво полетување е најавено за 2018-та година. Треба да чини 80-тина милиони долари и да пренесе 18 патника од Лондон за Њујорк за само три часа.

Уникатната зезалица во него е што прозорците се заменети со ултра тенки дисплеи со висока резолуција кои ќе проектираат панорамски поглед по избор. А ќе има и можност да видат луѓето како е вистински надвор.

Другите детали изгледаат вака.



20 февруари 2014 - 11:20