Неделата низ трејлери

Во трејлерите за неделава Абрахам Линколн е во зомби варијанта, Џони Кеш го најавува вестернот на Тарантино, Кроу и Џекмен се ликови од книгата на Иго, акционен филм со велосипеди низ Менхетен и опуштање со Мерил Стрип, Томи Ли Џоунс и Стив Карел.

Django Unchained
режиja: Квентин Тарантино
премиера: 25-ти декември 2012.

Вестернот на Тарантино што сите го чекаа. Некаде на Западот еден роб е ослободен од ловец на награди, не за друго, туку за да му помогне да ја улови најголемата награда во неговиот живот.

 

Les Miserables
режиja: Том Хупер
премиера: 14-ти декември 2012.

Или Клетници, по истоимениот мјзукил базиран на романот на Виктор Иго. Во него, Ен Хетавеј пее, Хју Џекман го наоѓа Господ, Расел Кроу повторно е правичен.

 

Hope Springs
режиja: Давид Франкел
премиера: 10-ти август 2012.

Ние ќе ви дадеме три имиња, вие кажете дали вреди филмот: Мерил Стрип, Томи Ли Џоунс, Стив карел.

 

Abraham Lincoln: Vampire Hunter Poster
режија: Тимур Бекамбетов
премиера: 22-ри јуни 2012.

Нераскажана приказна за еден од најголемите претседатели на САД, базирана на историската фантастика на Сет Грахам Смит - Абрахам Линколн: Ловецот на вампири. Режисерот е истиот човек што ги снимаше: Wanted, Day Watch, Night Watch.

 

Premium Rush
режија: Дејвид Коеп
премиера: 24-ти август 2012.

Акционен филм за луѓе што се палат на возење велосипед. Адреналинско возење низ Њујорк, пукотници, паѓање и расипани џандари.

8 јуни 2012 - 19:32