Последниве недели Трамп е во таков ремпејџ мод (ќе уништеше цела цивилизација, пцуеше на Велигден, го нападна папата, ги испонавреди довчерашните медуимски сојузници...), што уште само на маче му нема удрено бокс. Објави и слика на која е претставен како Исус. Сега пробува да убеди некого дека на сликата тој бил - доктор. Сепак, ја избриша таа слика, најблиску што може таков човек да дојде до покајување или недајбоже, извинување.