Вирални шашми за Франција

Како и со секоја слична дешавка, и нередите во Франција се супер прилика да се подметне нешто што нема врска со реалноста. Наспроти нашата пуста верба дека „на лагата ѝ се кратки нозете“, Џонатан Свифт на времето напиша „Лагата лета а Вистината доаѓа после неа и се тетерави“. Она што пред три века била само хипербола, денеска е прецизен опис на функционирањето на социјалните мрежи.

Видеото со снајперистот на кров:

Видеото за првпат е објавено на социјални мрежи во март 2022 година. А и пушката изгледа фејк.

Коли паѓаат од згради за паркинг:

Не е ниту од нередите, ниту од Франција. Сцена е од филмот „Fast and Furious“ кој се снимал во Кливленд и првпат е постирана во 2016 година.

Демонстранти во украдено полициско комбе:

Се работи за уште една филмска сцена. Од францускиот филм „Атена“ од 2022 година.

Бетмен се соочува со француските демонстранти:

Се соочува Бетмен со демонстранти, ама со оние од Black Lives Matter во Америка.

Ајкули пливаат во поплавен шопинг-мол:

Точно, ама во Шангај во 2012 година, кога 33,5 тонски аквариум попуштил и се разлеал во објектот.

Импозантетн број гневни Французи во Нантер, Париз, по убиството на 17 годишното момче Нахел.

Мексико е. Концерт е. Но, како „снимка од Париз“ го имаат видено преку 10 милиони луѓе.

***************

Ве молиме да не ширите: Вистината нема шанси со лагата

5 јули 2023 - 15:48