Утрото по правдата се познава

Дуќанџии од Марсеј стигнуваат до своето тобако по уште една ноќ немири, пожари и пљачкосување низ нивниот град кои се водат под етикета на терање некакви правдини врз кои реално тие немаат никакво ни влијание, ниту пак тобакото е некојси симбол на француските колонијални злостори.


Во немирите беше опожарена и една аптека, нејзините сопственици утрото немаа каде да се вратат.


Кога во 1990-те истото се случуваше на другата страна на светот, во Лос Анџелес, тамошната кореанска заедница со време сфати дека во тој момент никој нема да дојде да им помогне, ако сами не си помогнат и да го одбранат тоа што е нивно, па земаа сè што имаат оружје по дома и плус уште нешто, и застанаа да го бранат своето.

3 јули 2023 - 09:31