УСАИД, Сорос, Шарена револуција

„Една владина агенција постојано се појавува како центар на најмрачните и најчувани американски државни тајни“, порача Глен Бек пред неколку години. УСАИД. Нејзини пари завршувале кај Ал Каеда, се финансирале шпионски операции во Куба (види кај нас: Како УСАИД не направи кубански Твитер?), обуки за малтретирање затвореници (со електроди на гениталии), матни стерилизации во Перу....

„Тие трошеа 390 милиони долари годишно за нешто што го викаа „промовирање на демократијата“ на Блискиот исток. Тоа вклучуваше обуки на 10.000 Египќани за социјален активизам и употреба на социјални медиуми. Случајно (или не), таман кога Арапската пролет стигнуваше во Египет. Хмм.

Тие исто така беа фатени како ги финансираат групите на Џорџ Сорос со милиони долари со цел да се дестабилизира македонската влада. Видовме што направи Арапската пролет на Блискиот исток. Сакаме  истото да го видиме во источна Европа?“

********

Да бидеме искрени, УСАИД кај нас имаа и добри потези, ОСВЕН кога погрешно проценуваа некои граѓански и политички ентитети како „про-западни“ (а устварно паразити едни неспособни) па ги товареа таквите НВО и медиумски бројлери.

 

4 февруари 2025 - 12:38