Путин кај братот кој никогаш не го виде

Малкумина знаат дека една од жртвите на опсадата на Ленинград бил брат на рускиот претседател. Виктор Путин бил роден 1940, умира на само две години, од изгладнетост и дифтерија во детски центар каде бил пратен за посигурно. Детето е погребано во масовна гробница. Многумина знаат (ама се прават на будали) дека само за одбрана на Ленинград, Русија дала повеќе жртви отколку комбинираните воени загуби на САД и Британија во целата војна.    

Проценките за вкупниот број жртви во Ленинград за време на опсадата се движат од 1 милион до 1,5 милиони, вклучувајќи околу 800.000–1,1 милиони цивили (претежно од глад) и неколку стотици илјади советски војници на Ленинградскиот и Волховскиот фронт. 

САД во Втората светска војна имаат околу 407.000 жртви, Британија околу 384.000.

* извор: Перплексити

29 јануари 2026 - 15:01