Со лисици на раце, мајка на пар деца од една селендра во Џорџија, САД, е извадена од дома и одведена зад решетки. Се товари за родителска небрежност и негрижа. Што било? Додека таа била со едното дете на лекар, шерифот видел дека нејзиното друго дете (10 години) шетало САМО по улица. Во место од 300 жители! Бидејќи ѝ се заканува една година затвор, добила понуда тоа да ѝ го симнат од врат ако потпише дека на синот ќе му стави ГПС следач на телефонот. За неверување.