Групата за отпор на Трамп

Мегин Кели е едно од оние влијателни медиумски лица кои со систематско мавање по празните (или опасни) агенди на демократите беа клучна поддршка за вториот мандат на Трамп. Таа се најде и во групата за отстрел на Трамп, заедно со Такер Карлсон, Кендис Овенс и Алекс Џонс. Никој од нив (засега) не отстапи ни потклекна. Такер го имавме, да видиме што викаат другиве. 

Што го наведе Трамп, на 79 години, да седи во Собата со Биби Нетанјаху како рамноправен? Да, Трамп дури и не седеше на чело на масата. Трамп седеше од страната на масата, Биби спроти него како рамноправен во Американската соба за ситуации.

Што го наведе да седи таму и да го купува она што тој човек му го продаваше, кога секој друг претседател можеше да го прозре тој лажливец?

Што беше тоа? Затоа што следниот ден, нашите врвни советници - од генералштабот до државниот секретар до потпретседателот - му кажаа дека ова се лаги и дека овие цели нема да бидат остварливи.

Не му верувајте. Можеби ќе можеме да го симнеме ајатолахот, не и режимот на ајатолахот, можеби ќе го десеткуваме. Но, целите што ги наведе Трамп кога тргнавме беа секакви. И уште го турка булшит тврдењето дека влијаевме на промена на режимот. Но, не е така.

Истиот режим е, само со различни играчи. Има ли таму воопшто некој поумерен? Немаме причина да веруваме во тоа. Всушност, се чини дека Иранската револуционерна гарда сега ја има контролата, што е многу порадикално. А ја нема и фатвата што наводно ја издал ајатолахот за развој на нуклеарно оружје.

Иран сега е економски помоќен. Го контролира теснецот и бара укинување на сите санкции против него. За неговиот план во десет точки Трамп во понеделникот кажа дека не е добар, за во вторник да каже дека добра основа, за да си го спаси угледот по неговата луда закана за уништување на цивилизацијата.

Не знам како стигнавме тука, Пирс. Би сакала да знам како и секој друг. Врз основа на она што го прочитав во медиумите, им ја препуштивме работите на Биби Нетанјаху, Линдзи Грем и Марк Левин, и конечно, на претседателот Трамп кој беше измамен. Не знам зошто го направи овој луд конфликт.“

*********

Алекс Џонс до Трамп: Само уште еднаш стави ме во уста, ќе се покаеш.

**********

Кандис Овенс: Трамп ѝ припаѓа на класата на Епстин и неговото име доживотно ќе биде поврзано со убиствата и силувањата на островот. Тој веќе не комадува со МАГА.

 

12 април 2026 - 11:40