Градоначалник на денот

Идеолошките битки околу џендери/мендери беа подносливи па дури и занимливи за следење кога се однесуваа на возрасни лица, ама после некој посака да ja спушти битката меѓу децата и младите и да прави каша-попара и во тој свет. Не поминува тоа секаде лесно и мазно.

Почитувани членови на Бордот,

Се викам Крег Шуберт и сум градоначалник на овој град (Хадсон, Охајо - н.з.).

Дојдов до информации дека вашите предавачи, во училниците дистрибуираат нешто што во суштина е детска порнографија. Утринава зборував и со судијката, таа го потврди тоа.

Па ќе ви дадам едноставен избор: или ќе дадете оставки од Школскиот борд или ќе попиете тужби.

п.с. меѓу другото, на учениците им биле давани задачи да ги опишат своите сексуални искуства и да напишат есеј замислувајќи дека се сериски убиец.

25 април 2023 - 13:02