Брет Вајнстин не дава да им заборавиме

Потпирајќи се на сведоштвото од прва рака на доктор Пол Офит, своевремено цензурираниот Брет Вајнстин упорно ги прашува оние кои во меѓувреме сменија дрес во врска со ковид вакцините што мислат за тоа што Фаучи и сите главни играчи кои тврдеа дека природниот имунитет не е доволен туку ни требаат и вакцини и бустери (чии долгорочни нуспојави допрва се гледаат), ама тоа ѝ го премолчеа на јавноста жестоко напаѓајќи ги оние кои мислеа поинаку.

Имаше и кај нас:

„Според ноемвриска студија на која се повикуваше доктор Злате Мехмедовиќ, вакцинираните имале пет ипол пати помалку шанси да се заразат од оние кои ја прележале болеста (на што доктор Пановски имаше искуствени контра-аргументи, видео подолу). Ројтерс сега објавува нова студија во која се тврди обратно“.

* Во Прележаноста е подобра заштита од вакцинираноста

Види и:

Запознајте се со цензурираните: Брет Вајнстин 

20 јануари 2026 - 13:02