Во интервју за Вајард, главниот архитект на Плејстејшн 4, а сега и на 5-та, Марк Серни, открива дека новата конзола нема да биде само обичен апгрејд (бидејќи тоа веќе е направено со ПС4 про верзијата), туку ќе биде „конзола од следната генерација“.
И, оваа конзола нема да се појави во продавници во 2019.
Она за што Серни е сигурен е дека конзолата ќе има АМД процесор („базиран на Рајзен и ќе содржи 8 јадра од новата 7 нанометри Зен 2 микроархитектура“). Графичкиот процесор (картичка) ќе биде верзија на Радеон Нејви.
Освен ова наследникот на ПС4 ќе поддржува 8К графика, 3Д аудио и ќе се испорачува со ССД за да го забрза рендерирањето и да се намали времето за лоадирање. Вајард пишува дека Серни ова го демонстирал Спајдер-мен играта каде времето на лоадирање го намалил од 15 на 0,8 секунди.
Најважното за тие што веќе имаат полици игри од ПС4 е дека новата конзола ќе биде компатибилна со старите игри. ПС4 не беше компатибилна со игрите од ПС3.
Уште еден детал е дека 5-та и понатаму ќе прифаќа физички медиуми (дискови) како и 4-та (и сите пред нејзе).
Плејстејшн 4 беше пуштен во продажба во ноември 2013, а до крајот на 2018 продадени се 91,6 милиони примероци.