Сите гласини на Самсунг Галакси С4

Според муабетите и изворите од кои доаѓаат, речиси и да е сигурно дека Самсунг на 14-ти март ќе го промовира Галакси С4. Во април, уредот би требало да биде достапен во продавница.

Што се однесува на техничкиот дел, ова се досегашните шпекулации:

Процесор: Exynos 5 Octa на 1,8GHz
Веројатност: Средно - голема. Ова би значело ужасно брз телефон. Ајфон 5 има А6 процесор кој треба да работи на 1,3GHz. Exynos е процесорот со 8 јадра што Самсунг го презентираше на CES. Сегашниот Галакси 3, има Exynos процесор со 4 јадра. Исто така постоеа и некои гласини дека во новиот уред ќе го има супербрзиот Snapdragon процесор со 4 јадра, кој работи на 1,9GHz.

РАМ: 2GB
Веројатност: Голема, во најголем дел и заради тоа што толку има и сегашниот Галакси 3. Иако не е напредок во однос на постојниот модел, сепак тоа и понатаму е 1 гигабајт рам повеќе отколку Ајфон 5.

Дисплеј: еластичен / 5 инчи / full HD со резолуција 1920 х 1080
Веројатност: мала / средно - голема / голема. Гласината за флексибилен дисплеј на новиот Галакси постои веќе некое време, меѓутоа малкумина веруваат дека тоа ќе се случи во следната верзија. Многу е поверојатно тоа да биде во 5-та. Што се однесува до 5-те инчи и покрај тоа што звучи огромно, сепак веројатноста е голема пред се заради се поголемото ширење на "phablet" (phone tablet) уредите.

19 февруари 2013 - 16:15