Новиот смартфон е пресврт за компанијата по две основи: прво, ова ќе биде првиот смартфон што Гугл сам ќе го произведува (исто како што Епл сам го произведува Ајфонот во Фокскон), и второ, Гугл прекинува со политиката на евтини цени, па основниот модел на Пиксел ќе чини 650 долари (минатата серија на Нексус, поскапиот модел П6 чинеше 450 долари).
Пиксел ќе го има во две верзии, 5 инчи и 5,5 инчи, и во три различни бои. Доаѓа со најдобрата камера што еден смартфон некогаш ја имал (ова според оценки на независни рецензенти, не на Гугл), со многу побрз процесор, УСБ-Ц и уште неколку битно квалитетни компоненти кои составуваат сериозно добар телефон.
Камерата, 12 мегапиксели задна и 8 мегапиксели предна, ќе има и подобрено функционирање на стабилизаторот за видео и далеку подобар ХДР.
Една од работите што со себе ќе ја нуди Пиксел е неограничен простор во облак за секоја можна фотографија и видео што ќе ја направите со него (во превод, за тие што имаат Ајфон, ова значи да имаш неограничен простор во Ајклауд за слики и видеа), дури и во најголема резолуција.
Благодарејќи на УСБ-Ц полначот, новиот стандард кој треба да ги замени постојните микро-УСБ полначи, Пиксел ќе добие 7-часовно траење на батеријата со 15-минутно полнење.
Друга важна работа презентирана на конференцијата е Гугл Асистент, кој беше преставен како "персонален Гугл за секој поединечен корисник." Не само што ќе ти помага во вршењето работи, туку и ќе учи за твоите желби и потреби како што го користиш.
Од линијата на Гугл производи за низ дома доаѓа првиот голем апгрејд на Хромкаст, во форма на Хромкаст Ултра, кој ќе подржува 4К видео и ХДР, ќе биде 1,8 пати побрз од досегашниот модел (заради напредокот во вифи технологијата) и ќе има можност за приклучување лан кабел. За разлика од претходните модели кои ја држеа цената од 35 долари, цената на Ултра е 69 долари.
Гугл Вифи е рутерот за покривање на целата куќа со интернет и можеш да го користиш во групи, без некои посебни маки за поставување. Еден ваков рутер ќе чини 129 долари, комплет од 3 е 299 долари.
Гугл Хоум е нивната верзија на Амазон Ехо, личен асистент што пушта музика, чита вести и слични работи, а се контролира преку гласовни команди. Хоум ќе доаѓа со инсталиран Гугл Асистент, го има во неколку различни бои и ќе чини 129 долари.
Целиот настан:
- Сторијата на Верџ за тоа како Гугл реши да влезе во хардвер, тука