Водич за песимисти за 2017

Уште кон крајот на 2015 истиот овој водич предупреди дека можат да се случат и брегзит и Трамп. За 2017 водичот предупредува на социјален крах во САД, нуклеарна криза со Северна Кореа, и пораз на Меркел.

Трампленд

- Популарноста на Трамп расте уште во првите недели од мандатот откако доминантно републиканскиот Конгрес изгласува огромен финансиски пакет субвенции.

- Во исто време започнува нов бран протести, откако Трамп потпишува неколку извршни наредби со кои се поништуваат неколку големи одлуки на Обама.

- Во немирите се создава движење составено од студенти, активисти за правата на црнците, поранешни членови на Окупирај и анархисти. Трамп се обидува да воведе итни ограничувања и полициски час во неколку големи градови.

- Калифорнија станува центар на опозицијата на Трамп, а некои движењето го нарекуваат "Калегзит". Сојузната држава се противи на укинувањето на еколошката регулатива од страна на Трамп. Милијардерите Елон Маск и Шерил Сандберг се предводници на прогресивната алијанса против Трамп во 2020.

- Сето ова предизвикува длабока поделба во владејачката коалиција на Трамп. Републиканците се делат ка Конгрес и Тимот на Трамп, чии членови за кратко време почнуваат да се нафрлаат еден на друг.

- Акциите на банките и железарите растат во првите месеци од ерата на Трамп. Ама за кратко време бумот на берзата издишува. Акциите на Гугл, Фејсбук и Епл се погодени како што се влошува судирот меѓу Трамп и калифорниските милијардери.

 

Јалта 2.0

- Изолирањето на Трамп и агресијата на Владимир Путин ја присилува Меркел да се реши на тежок избор: да ја предводи Европа против Русија, или да го послуша советот на Трамп и да постигне договор со Путин за поделба на сферите на влијание во Источна Европа.

- Путин ги отповикува своите хакери и воени авион и се согласува да престане со мешање во работите на САД и ЕУ.

- За возврат Меркел и Трамп го признаваат руското право на влијание врз Украина, Белорусија и Сирија. За Путин, конечно е вратен престижот на Русија, 26 години по падот на СССР, и тој почнува отворено да зборува за неговото пензионирање по уште еден и последен претседателски мандат.

- Рубљата се враќа по глобалниот пад. Акциите на одбранбената индустрија почнуваат да губат на привлечност откако ЕУ решава да не се вооружи.


Кина и Америка започнуваат економска војна

- Удирајќи по она што тој го нарекува #CrookedChina, Трамп твита во 3:17 на утрото пред неговата инаугурација дека планира земјата да ја обележи како манипулатор на валутата и да воведе огромни давачки на увозот на нејзини производи.

- Уште не стигнат до инаугурацијата, Кина почнува да го возвраќа ударот и ја девалвира вредноста на јуанот, откажува нарачки на Боинг и ја блокира продажбата на Ајфон.

- Како што минува годината, кинеските функционери, зафатени со политички игри пред ноемвриската реорганизација на Комунистичката партија, се делат меѓу себе според тоа како треба да се оживее задолжената економија.

- Кина ја зафаќа најголемата рецесија на модерното доба.


Ким го победува Трамп

- Првите месеци од мандатот Трамп ги доведува во прашање американските обврски низ светот. Прво го прекинува членството во НАТО, а потоа и во Обединетите нации. Американските традиционални непријатели го користат вакумот.

- ИСИС искористувајќи го исклучувањето на САД од светските обврски, ја поставува својата нарко-операција во Авганистан и ја радикализира Централна Азија.

- Загрижени што живеат вон нуклеарниот чадор на САД, Саудиска Арабија и Јапонија започнуваат со развивање на сопствени нуклеарни капацитети.

- Светот е потресен кога Северна Кореја докажува дека може да смести мал нуклеарен уред во проектил со домет до Западниот брег на САД.

- Целата азиска стратегија на Трамп се распаѓа, што го присилува да се обрати кај Кина и да моли за помош во смирување на нивниот сосед.

 

Паѓаат глави во ЕУ

- Легитимирани од Трамп, гласачите на ЕУ, почнувајќи од Холандија, изгласуваат популистички лидери кои сакаат да ги затворат границите, да ги укинат договорите за слободна трговија, па дури и да излезат од еврото и самата ЕУ.

- Анти-имиграциската кандидатка Ле Пен, станува претседателка на Франција, и одржува референдум за напуштање на ЕУ.

- Во Италија комичарот Бепе Грило по предвремените избори доаѓа на власт и веднаш повикува на референдум за враќање на лирата.

- Меркел ги губи изборите. Во Британија, Тереза Меј е сменета од радикали откако пропаѓаат преговорите за брегзит.

- Во Источна Европа, новата десничарска Чешка република почнува да и се умилкува на Русија и повикува на референдум за членството во НАТО. Под сенката на францускиот референдум за напуштање на ЕУ, се распушта Шенген зоната.

- Грција повторно еруптира, и овој пат нема време за финансиско спасување.

- Еврото почнува да пропаѓа како што ја губи политичката поддршка што ја имаше за време на кризата од 2009-2012.

Остатокот од водичот, тука

7 декември 2016 - 11:22