Убиството се случува во северниот град Нуева Консепсион, на некои си 67 километри од престолнината, а составот на безбедносните сили испратени да го опколат градот е 5.000 војници и 500 полицајци.
Владините сили во градот нема да го гонат само убиецот туку и „целата структура на бандата и соработниците“ за кои се уште се знае дека таму се кријат.
Во октомври, во слична операција владата испрати 2.000 полицајци и војници да опколат друг град на југот од земјата, при што беа уапсени 50 лица. Додека во декември едно од предградијата на Сан Салвадор беше опколено и запечатено од 10.000 војници и полицајци кои ја прочешлаа цела област.
Ел Салвадор, инаку познат како дом на некои од најозлогласените банди на американскиот континент, од минатата година води сеопфатна битка за нивно уништување, што има силна поддршка од јавноста.
Најголемиот (невооружен) отпор владата го има од дежурни душегрижници кои алармираат дека во нејзината борба против наркокартелите и бандите некој човекови права се прекршуваат.
Владата во март 2022 прогласи „состојба на изземање“ по бран убиства за кои беа обвинети тамошните банди. Од тогаш, важењето на оваа состојба е продолжено 14 пати.
За сметка на случаи на исчезнување и неосновано апсење луѓе, тамошни заедници кои некогаш биле доминирани од банди сега се далеку побезбедни за нивните граѓани. Најголемиот дел од поддршката за владината операција доаѓа токму од жителите на овие населби.
Како дел од операцијата до сега се уапсени околу 68.000 осомничени.
На почетокот од декември 2022, претседателот Најиб Букеле го одржа овој говор пред безбедносните сили на земјата: