Употребата на копнени сили од надвор во сирискиот конфликт би вовлекло и други страни во таа војна", се цитира изјавата на Медведев дадена за германскиот весник Ханделсблат.
Таков предлог неодамна имаше Саудиска Арабија (па и Турција) на што рускиот премиер порачува "Американците и нашите Арапски партнери добро да размислат дали сакаат да влегуваат во состојба на бескрајна војна.
Истовремено, тој ги критикуваше западните сили за одбивање на соработката со Русија во проблемот со Сирија и дека на ниво на воени сили, врските меѓу двата блока се само спорадични. Медведев смета дека Запад сака да ја претстави Русија како земја од пониска категорија а дека таа не сака да биде светски полицаец бидејќи таа улога ја преболела уште со завршувањето на Студената војна.