Сирија во првата половина на 2022 произвела околу 14,5 милиони барели нафта и имала дневно производство од 80,3 илјади барели. Од нив само 14.200 барели на ден биле испорачувани во сириските рафинерии.
„Американските окупациски сили (ова главно се однесува на групите поддржани од САД) крадат по 66.000 барели нафта секој ден од нафтените полиња на истокот од Сирија,“ порачува сириското министерство.
Бројките на министерството, кое ги собира од почетокот на војната во земјата, покажуваат дека нафтениот сектор до сега има изгубено околу 105 милијарди долари, како резултат на “американската кампања за крадење нафта.“
Пред некој ден на социјалните мрежи се појави видео снимено од руски хеликоптер во кое наводно се гледа конвој камиони под контрола на американската армија како од Рака шверцуваат нафта која треба да заврши во Ирак.
Сириски извори уште во јули инсистираа дека американските сили само месецот имаат прошверцувано околу 200 цистерни со нафта. Тие ова го потврдуваат со една изјава на Трамп од 2019, кога порачува „Ние ја задржуваме сириската нафта. Ние ја имаме нафтата. Нафтата е безбедна. Војската ја оставивме таму само заради нафтата.“