Умрените од коронавирус Њујорк почна да ги закопува во масовни гробници

Ковчези со починати од ковид-19 во градот Њујорк се редат во дупка на неколку спрата во десетина реда и се потрупуваат со земја на островот Харт во близина на Бруклин.

На Харт островот ќе бидат закопани сите починати кои немаат блиско семејство или не можат да си дозволат погреб. Локацијата со години се користи од градските власти за закопување на сите починати без семејство или пари. Како последица на жртвите од коронавирусот, работата на островот порасна од еден ден неделно, на пет дена неделно.

Обично на островот работат затвореници од затворот Рајкерс, меѓутоа заради зголемениот обем работата ја имаат преземено градежни компании.

Сојузната држава Њујорк објави дека во четвртокот бројот на заразени пораснал на 159.937 лица, од кои 7.000 починале.

Со овие бројки Њујорк има повеќе заразени отколку Шпанија (153.000) и Италија (143.000). На ниво на САД бројката е 462 илјади со 16.500.

 

10 април 2020 - 10:26