Грег Абот објави „војна“ на политиката на отворени граници на Бајден, и како една од мерките што ги најави е превоз на секој влезен нелегален мигрант во Тексас директно до скалите на Капитол хил во Вашингтон Д.Ц.
„За да им се помогне на локалните власти чии заедници беа преплавени со орди од нелегални мигранти оставени од администрацијата на Бајден, Тексас ќе обезбеди чартер автобуси за се испратат овие нелегални мигранти оставени од администрацијата на Бајден во Вашингтон Д.Ц.
Ги испраќаме во главниот град на САД каде администрацијата на Бајден ќе може многу поургентно да ги покрие потребите на луѓето кои ја преминале нашата граница,“ порачал Абот.
Гувернерот објаснува дека неговиот потег е ист како оној на администрацијата на Бајден која качува луѓе во автобуси и ги истоварува во Сан Антонио.
Наводно за целата операција имаат 900 автобуси.
Најавата од Абот доаѓа откако администрацијата на Бајден објави дека ја укинува забраната од времето на пандемијата која предвидуваше експресно враќање од границата на секој бегалец што доаѓа од земја каде е присутна пандемијата. Процената на Абот е дека со укинување на оваа забрана (воведена од Трамп), американската граница секој ден ќе ја минуваат над 18.000 нелегални мигранти, или 500.000 месечно.
Абот ја наведе процената на првиот човек за домашна безбедност од времето на Обама, Џех Џонсон, според кого ако границата ја минат 100.000 бегалци месечно, тоа во какви било услови треба да се смета за криза. Абот предупредил дека со укинувањето на законот САД до Божиќ ќе добијат популација од уште еден Лос Анџелес.
Освен автобусите, гувернерот најавил и унапредување на опремата со која располагаат американските граничар и останатите безбедносни сили што би требало да ги пресретнат бегалците.