Талибанците нема да издржат ни месец без помош од Пакистан

Наместо Пакистан да му дава финансиска помош на Кабул, за што се благодарни, авганистанскиот претседател побара од својот сосед директно да се справи со Талибанците на негова територија, а не да им биде домаќин.

Во последно време Талибанците се поуспешни во спроведување на се повеќе координирани напади во Кабул, а минатата година Авганистан имаше најголем број на цивилни жртви и жртви поврзани со војна во светот.

Пораката од авганистанскиот претседател Ашраф Гани до Пакистан е од конференцијата Срцето на Азија организирана во Индија со цел "собирање на регионалните играчи да помогнат во стабилизирање на земјата."

"Ова е неприфатливо... Некои се уште им даваат заштита на терористите. Како што талибански старешина кажа неодамна, ако немале заштита во Пакистан, тие не би траеле ни еден месец," изјави Гани на конференцијата.

Според аналитичарите Пакистан историски ги поддржува Талибанците во Авганистан како одбранбен бедем од влијанието на Индија, со кого Пакистан има водено три војни.

Пакистан ги отфрла обвинувањата и тврди дека тој самиот е жртва на тероризам и дека борците кои оперираат во пограничниот појас, и извршуваат најголем број напади во Пакистан, оперираат од Авганистан.

Пред забелешките на Гани, Индија вршеше притисок во Пакистан да стави крај на "преку-граничниот" тероризам во Кашмир.

5 декември 2016 - 09:24