СЗО: Украина да ги уништи опасните патогени. Русија: А зошто воопшто ги имале?

Светската здравствена организација побара Украинците да ги уништат сите високоризични патогени кои ги имаат во лабораториите. Русија побара да ги видиме документите со што сè „си играле“ во тие лаборатории.

Барањето на СЗО за уништување на опасниот материјал од украинските лаборатории се објаснува со потребата да се спречи нивно евентуално протекување што би била закана по здравјето на луѓето, пренесува Ројтерс.

Ова доаѓа после неколкудневни пинг-понг изјави на оваа тема. Прво беше дека е теорија на заговор муабетот за такви лаборатории, па Викторија Нуланд призна дека постојат, ама дека не се нивни и дека се работи за сосема вообичаени лаборатории кои имаат научно-истражувачки цели и кои примаат финансиска помош од САД, ЕУ но и од СЗО.

Русија и Кина останаа на своите обвинувања. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека руските сили дошле до документи кои покажуваат ургентни обиди за бришење податоци за био-воените програми во лабораториите во Киев, Харков и Одеса.

Кинезите држат до тоа да биде осветлена поголемата слика. Според нив, да, има 26 лаборатории во Украина но САД имаат контрола врз вкупно 336 био-лаборатории во 30 држави во светот.

Началникот на хемиската и бактериолошка одбрана на Русиja, Игор Кирилов, изјави дека „проучувањето на пронајдените материјали го потврдува трансферот на повеќе од 140 контејнери со ектопаразити на лилјаци од биолошката лабораторија во Харков во странство“.

Русите тврдат дека меѓу другото, во овие лаборатории се проучувале можностите за ширење на особено опасни инфекции преку птици преселници и вадеа документи и фотографии од птици на кои наводно им биле врзувани прстени за да летаат и до 2.000 километри на североисток кон Русија.

И да не биде само таа беља, Индија соопшти дека заради техничка грешка, испукала ракета кон Пакистан.

И тие да се спукаат, ќе изгори светов ко чкорче.

11 март 2022 - 18:24