Над 320 мртви во Португалија и Шпанија од горештини

Двете држави се под опсада од пеколен топлотен бран кој својот пик го има минатиот четврток со 47 степени целзиусови.

Од горештините во Португалија загинаа 238 лица во периодот од 7 до 13 јули, додека во Шпанија билансот е 84 лица.

Според медицинскиот институт Карлос Трети, во Шпанија во јуни годинава над 830 лица починале од летните горештини.

Освен ова во Шпанија моментално има 32 активни летни пожари, вклучително и 15 кои допрва треба да бидат ставени под контрола. Најтешко е погодена Ектремадура, регионот кој граничи со Португалија, во кој има два масовни пожари што опфаќаат најмалку 10.000 хектари.

18 јули 2022 - 09:40