Посетата на Тајван требаше да се случи на враќање од нејзината посета на Јапонија, и таа ќе беше прва посета на Тајван од Спикерот на Претставничкиот дом во последниве 25 години.
Запрашан за посетата, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи порача дека САД треба да ја почитуваат политиката на „една Кина“ и инстантно да го откажат планот на Пелоси за посета на Тајван.
„Ако САД сепак сакаат да тераат по свое, Кина како одговор ќе преземе силни мерки за одбрана на националниот суверенитет и територијален интегритет, а сите можни последици од ова целосно ќе ги сноси САД,“ порачал портпаролот Лиџијан Жао.
Без да се коментираат изјавите на кинеската дипломатија или потенцијалната посета, во текот на денот канцеларијата на 82-годишната Пелоси објави дека откако Спикерката цела недела била негативна вчера добила „позитивни тест резултати за ковид-19 и моментално е асимптоматска“.