Семејствата инсистираат на сумата (нешто поголема од една третина од буџетот на САД) по основа дека само најголемата можна казна ќе го спречи Џоунс да продолжи да ги повредува.
За семејствата Џоунс го прекршил законот кој не дозволува продажба на производи (има свој бренд за суплементи и слични производи што ги продава на шоуто) користејќи се со лажни изјави. До цифрата од 2750 милијарди долари е стигнато множејќи ги 550 милиони импресии што публиката на Џоунс ги имала на неговите Фејсбук, Јутјуб и Твитер сметки со максималната казна од 5.000 долари по прекршок на тамошниот закон продавање производи.
Џоунс со години семејствата на загинатите ги нарекуваше „глумци“ тврдејќи дека нивните најблиски не биле убиени во училиштен масакар.
„Алекс Џоунс со години го спроведува овој напад со една цел: алчност.
Алекс Џоунс никогаш нема да ги третира нив како вистински луѓе, бидејќи тие се премногу вредни за него како мети,“ изјавил адвокатот на семејствата.
Судијката која треба да ја разгледа тужбата претходно изјави дека Џоунс го прекршил законот на Конектикат за нефер трговија, со тоа што продавал суплементи и опрема за преживување за време на програмите во кои ги дава лажните тврдења за Сенди Хук.
Казната од пред некој ден од 965 милиони долари обесштетува девет тужители по основа на малтретирањето што го претрпеле од фановите на Инфоворс кои и поверувале на теоријата на заговор на Џоунс.
Во одредувањето на оваа казна не беше земено предвид прекршувањето на законот за нефер трговија.